Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

18.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија со ЕУ, порача дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите во соседството на Унијата.

Со ова, фрнцускиот претседател за прв пат јавно ги доведе во прашање европската иднина и перспектива на земјите од Западен Балкан, зацртани во Солун во 2003. година.

„Разговаравме за нашите визии за Европа, а јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството“, рече Макрон додавајќи дека ЕУ не функционира каква што е сега.

Тој исто така призна дека бил против одвојување на Северна Македонија и Албанија во процесот на пристапни преговори, со обрзложение дека тоа би предизвикало насилство не само кај албанското малцинство во Северна Македонија туку во сите земји каде има албанско малцинство.

Во Барселона во понеделникот почнаа нови протести на Каталонците кога Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешниот обид да се прогласи независност на Каталонија во 2017 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата