Мртов маж пронајден во паркиран автомобил кај Петровец

18.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мртов маж пронајден во паркиран автомобил кај Петровец

Шеесетичетиригодишен маж ноќеска бил пронајден мртов во автомобил паркиран на локалниот пат с.Петровец, кон с.Дрма, кај патоказните табли за влез во општина Петровец.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство и било утврдено дека се работи за лицето Д.Л.(64) од Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата