Наде Талевска се стопи, ослабна 20 килограми

18.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Наде Талевска се стопи, ослабна 20 килограми

Поп и оперската пејачка Наде Талевска Спасовска ослабна 20 килограми и изгледа одлично. Таа за „Женски магазин“ објасни дека програмата за хроно исхрана која ја добила во една скопска болница ѝ помогнала да ослабе 20 килограми.

После 3 бремености, брзо една по друга имав голема трансформација на телото, што е многу нормално и природно. Но, дојде до степен кога почна да ми пречи и морав да превземам нешто околу тоа. Имено, сопругата на еден мој колега започна соработка со една клиника од Скопје која топло ми ја препорача. Таа ме однесе таму, и ми ги најправија сите потребни мерења и тестирања“, вели Наде во својата изјава за „Женски магазин“.

Мајката на Максим, Михаил и Матео додава дека една од нутриционистките во болницата, по резултатите од испитувањата , ѝ направила персонализирана хроно исхрана по која се водела долго време.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата