Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

17.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен без измени на 9 октомври од страна на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили, по извештајот на сенаторката, Жоел Гаријо Мајлам.

Останува договорот да биде ратификуван и од Националното собрание при второто читање, по што тој дефинитивно ќе биде ратификуван од Франција.

Досега 24 земји-членки целосно го завршија процесот на ратификација. Вчера тоа го сторија Италија и Велика Британија.

Очекувањата се дека Протоколот ќе биде ратификуван и со тоа членството во НАТО ќе се официјализира пред Самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата