Скопјани во 2020 година ќе влезат со песните на Дино Мерлин, и тоа за НУЛА ДЕНАРИ!

17.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопјани во 2020 година ќе влезат со песните на Дино Мерлин, и тоа за НУЛА ДЕНАРИ!

Пејачот, текстописец и музичар Дино Мерлин ќе настапи на плоштадот „Македонија“ на 31 декември, за пречекот на Новата година. Мерлин ќе одржи солистички концерт, а неговото гостување ќе ги чини градските власти нула денари.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција рече дека Дино Мерлин е една од најголемите музички ѕвезди на Балканот. Информира дека имале заеднички средби, разговарале и пролетва се договориле за неговиот настап во Скопје. Смета дека доволно рано го најавуваат неговиот настап и очекуваат гости и од регионот.

Мерлин нагласи дека за него Скопје значи топлина, град полн со живот, разноликост, изобилува со различни нации, култури, исто како и неговиот роден град Сараево. Изрази благодарност на поканата и додаде оти градоначалникот Шилегов бил упорен и одлучен да го донесе во Скопје за да настапи на новогодишната ноќ.

– Ќе ми биде задоволство, голема чест и предизвик да свирам на пречекот на Новата 2020 година во Скопје, рече Мерлин. Додаде дека не свирел една година и очекува во Скопје да има извонреден концерт со околу 50 илјади посетители. Најави дека подготвуваат шоу, кое е малку поинакво од она што го правеле претходно.

Одговарајќи на новинарско прашање, градоначалникот Шилегов рече дека е завршен тендерот и е потпишан договорот за новогодишното украсување на Скопје. Очекува главниот град од 1 декември целосно да биде украсен и ќе ја има населбата „Винтерленд“ (Зимска земја) со богата програма, на повисоко ниво од лани.

– Сумата за организација на Новата година е иста како и лани. Градот, гостувањето на Дини Мерлин ќе го чини нула денари, рече Шилегов. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата