Стојановски: Ѓорче Петров никогаш немал понеспособна самоуправа и понеспособен градоначалник

17.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стојановски: Ѓорче Петров никогаш немал понеспособна самоуправа и понеспособен градоначалник

Изминаа две години од како локалната самоуправа во Ѓорче Петров ја превзема СДСМ. Помина половина мандат на Александар Наумоски и на СДСМ, а тие сеуште се заспани, рече на денешната прес-конференција, Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во очекување сме на уште една прес конференција за отчет на градоначалникот во која во стил на премиерот Зоран Заев, ќе се пласираат неаргументирани лаги и факти кои немаат никаква врска со реалноста, за кои човек може слободно да се запраша дали Наумоски живее во Ѓорче Петров или во некоја друга општина.

Ниту еден капитален проект не е реализиран. Нема ништо од:

  • Гасификација на Ѓорче Петров
  • Изградба на градинка во Волково
  • Нова амбуланта во Дексион
  • Модернизација на јавното осветлување
  • Уредување на кејот на реката Лепенец
  • Енергетски ефикасни објекти
  • Формирање на јавно комунално претпријатие
  • Изградба на паркинг – простори
  • Изградба и обезбедување простор за пензионерски клубови во сите објекти на месните заедници
  • Нема ништо од изградба на отворен и на затворен базен во Ѓорче Петров
  • Поправка на тротоарите и паркови и зеленило
  • Театар и можност за кино
  • Музеј на уметноста за цртеж и инкубатор за креативни индустрии
  • Реконструкција на детската градинка во Дексион
  • Бесплатна ужина и бесплатен полудневен излет за учениците до петто одделение.

СДСМ и Наумоски им потрошија две години на граѓаните на Ѓорче Петров на лаги, манипулации, кафански седенки и пиенки. Се што ќе остават позади нив се закани и пресметки кон неистомисленици, уцени, преместувања на работни места, уривање, дивоградби. Единствено што Александар Наумоски направи за општината и за што мора да му се оддаде признание дека континуирано си ја зголемува цената на личниот имот, како во паркот во Ѓорче Петров со средувањето на сопствениот двор. Задолжувањето и партиските вработувања му се најсилна страна, само за последнава година тој ја задолжи општината со 14 ипол милиони денари, а за привремени вработувања се одлеваат 12 милиони денари. Она по што е најпознат, седенките по околните ресторанчиња се плаќаат со милион ипол денари народни пари. Наумоски ветуваше дека ќе ја запре урбанизацијата во урбаниот дел од општината, а донесе Детален Урбанистички План со кој предвиде над 100 нови згради. Дивоградби никнуваат насекаде низ општината. Во Ново Село се создава една од најголемите депонии во цело Скопје, а пак прв пат во историјата на селото Орман мештаните останаа без водоснабдување за своите посеви. Населбата „Даме Груев“ воопшто и не постои во нивните планови. Трговскиот центар во „Мирче Ацев“ остана само на хартија. Новата општинска зграда наместо да почне да работи, може да служи само како споменик на Заевизмот. Ветуваше ново училиште во Хром, а ги подели училниците на половина и создаде субстандардни услови за најмладите. Нивната неспособност се покажува до таа мера што и оставените проекти од ВМРО–ДПМНЕ не можат ниту да ги започнат, а тие што се започнати не се ниту до половина завршени. Таков е случајот со фекалната канализација и 36-те улици во Волково, со спортската сала во основното училиште „Јоаким Крчоски“, со улицата „Борис Сарафов“ и ред други, истакна Стојановски.

Тој потенцираше дека заклучокот е едноставен, Ѓорче Петров никогаш немал понеспособна самоуправа и понеспособен градоначалник. Почитувани, нивната политика е поразена, паднаа маските и народот го виде вистинското лице на СДСМ. Две години локална, а скоро четири години централна власт исполнета со уназадување и порази. Доста е! Ѓорче Петров е една од најубавите општини во Република Македонија, со особини својствени само за нејзе. Општина која заслужува домаќинска и вредна локална власт која ќе биде сервис за граѓаните. Насекаде да се гради и да се стреми да биде пример за останатите општини во државата. ВМРО–ДПМНЕ има капацитет и квалитет тоа да го оствари и за кратко време повторно ќе се градат и прошируваат булевари, кружни текови, спортски сали, фудбалски игралишта, паркови, основни училишта, мултуфункционални игралишта, градинки.

Затоа што граѓаните заслужуваат обнова на Ѓорче Петров, подвлече Стојановски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата