Во Арачиново вечерва зголемено присуство на полициски сили (ВИДЕО)

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Арачиново вечерва зголемено присуство на полициски сили (ВИДЕО)

ТВ 21 ноќва јавува за зголемено полициско присуство во селото општина Арачиново.

Од објавеното видео се гледа дека полицајците припаѓаат на специјалните единици на МВР кои го обезбедуваат теренот.

Во Арачиново се гледаат и повеќе полициски возила.

Од ТВ21 тврдат дека новинарите на телевизијата неколку пати се обиделе да контактираат со МВР за да добијат информација што точно се случува, но тие не одговориле.

Нема информација ниту дали акцијата на полицијата има врска со лицето кое вчера било уапсено заради закани кон медиум или за другиот случај со полицајците.

Видеото од Арачиново на ТВ 21 на овој линк

Фото: принтскрин тв21

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата