Песков: Неприфатлив е условот да ја повлечеме војската од Украина за почеток на преговорите

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Песков: Неприфатлив е условот да ја повлечеме војската од Украина за почеток на преговорите

Вчера, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повтори дека претседателот Владимир Путин останува отворен за разговори, но дека барањето на Западот Москва прво да ги повлече своите трупи од Украина е неприфатливо.

Изјавата на Песков дојде додека Путин разговараше по телефон со германскиот канцелар Олаф Шолц вчера наутро.

Кабинетот на Шолц соопшти дека тој јасно му ставил до знаење на Путин „дека мора да има дипломатско решение што е можно поскоро, кое вклучува повлекување на руските трупи“.

Во четвртокот, американскиот претседател Џо Бајден, исто така, навести дека би бил подготвен да разговара со Путин доколку покаже дека е сериозен за ставање крај на инвазијата и повлекување од Украина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата