Шведска на Турција ѝ предаде Курд, наводно поврзан со тероризам

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шведска на Турција ѝ предаде Курд, наводно поврзан со тероризам

Махмут Тат побарал азил во Шведска во 2015 година, откако бил осуден на шест години и 10 месеци затвор во Турција за наводни врски со курдската милитантна група ПКК. Турската државна телевизија ТРТ објави дека Тат денеска е испратен во затвор во Истанбул. Шведските власти се уште не ги потврдиле тие наводи.

Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО во мај, откако Русија ја нападна Украина, но се соочија со приговори од Турција, која ги обвини за поддршка на милитантите од ПКК и други групи. Турција во средата објави дека двете земји постигнале напредок кон членството, но дека мора да се направи повеќе за да се исполнат барањата на Анкара.

Турција, исто така, сака екстрадиција на лица поврзани со Фетула Ѓулен, турски свештеник кој живее во САД, а кого турските власти го обвинуваат дека стои зад обидот за пуч во 2016 година. Стокхолм и Хелсинки ги отфрлаат обвинувањата за засолниште на милитанти, но се согласија да соработуваат со Анкара за да се решат нејзините безбедносни грижи, како и да се укине ембаргото за оружје.

НАТО своите одлуки ги носи со консензус, што значи дека на нордиските земји им е потребна согласност од сите 30 членки. Само Турција се уште е против нивното членство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата