Конечно започна отстранувањето на МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА во Тетово во која изгореа 14 пациенти

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Конечно започна отстранувањето на МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА во Тетово во која изгореа 14 пациенти

Петнаесет месеци по трагичниот случај во модуларната ковид-болница во Тетово, денес започна отстранувањето на опожарениот објект и неговиот отпад.

Неуспехот да се отстрани монтажната болница толку долго, од страна на раководителите на болниците, беше оправдана со истрагата на обвинителството,

Дозвола за Клиничката болница Тетово беше дадена пред еден месец, каде беше наведено дека објектот веќе не е дел од материјалните докази за истрагата.

Расчистувањето на остатоците се очекува да трае два дена, извести директорот на Клиничката болница Тетово.

На истото место се очекува да се направи мал парк, каде ќе биде инсталирана комеморативната плоча за 14-те жртви кои ги загубија животите лани ноќта на осми септември.

Од тогаш имаше три неуспешни обиди за старт на судењето, откако Обвинителкството покрена предмет. Следната сесија е закажана за четири дена

Обвинети се двајцата поранешни директори на Клиничката болница, Флорин Бесими и Артан Етеми, како и одговорниот лекар Бобан Вучевски. Тука е и клиничката болница Тетово како правно лице.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата