ФИФА ПРЕСЕЧЕ – Ќе има ИСТРАГА ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО на Џака

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФИФА ПРЕСЕЧЕ – Ќе има ИСТРАГА ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО на Џака

Швајцарските медиуми објавуваат дека ФИФА, сепак, ќе покрене постапка против однесувањето на Гранит Џака за однесувањето за време и после натпреварот против Србија во групната фаза на Мундијалот во Катар.

ФИФА ќе го истражува инцидентот, пишува швајцарскиот „Боте“. Но Швајцарците нема премногу да и дадат на значење, и очекуваат Џака да нема проблеми.

Капитенот на Швајцарија после натпреварот облече дрес со презиме „Јашари“. Потоа се правдаше дека тоа дрес на негов соиграч.

„Воопшто не беше политичко. Тоа беше дресот на мојот соиграч Ардон Јашари. Тој е млад играч, со кого одлично се согласувам. Реков дека ако постигнам гол, ќе го облечам неговиот дрес“, изјави Џака по натпреварот во изјавата што ја пренесе новинар на швајцарскиот портал.

Швајцарија инаку ја елиминираше Србија, откако вчера ја совлада со 3-2.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата