Радев: Наместо европска солидарност, Бугарија добива цинизам

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Радев: Наместо европска солидарност, Бугарија добива цинизам

Владата на холандскиот премиер Марк Руте на 2 декември објави дека ќе се согласи со приклучувањето на Романија и Хрватска во Шенген зоната, но ќе го блокира приемот на Бугарија. Холандија стави вето оти Бугарија не успеала да постигне задоволителни резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Министрите за правда на ЕУ ќе одлучуваат за прифаќање на Бугарија, Хрватска и Романија во Шенген на состанокот на 8 и 9 декември.

Прифаќањето на нови членки во Шенген бара едногласност. Наместо европска солидарност, Бугарија добива цинизам“, напиша бугарскиот претседател Румен Радев на фејсбук.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата