Прв пат дознаваме: КОЛКУ ЗАРАБОТУВА ИНТЕРНЕТ МРЕЖАТА од нас корисниците

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прв пат дознаваме: КОЛКУ ЗАРАБОТУВА ИНТЕРНЕТ МРЕЖАТА од нас корисниците

Околу 100-200 милијарди долари годишно. Ова прашање би можело да се преформулира: Колку се вкупните оперативни трошоци на глоболната Интернет индустрија?

Интернет индустријата е доста конкурентна, така што трошоците не се драматично помали од заработувачката. Па, тогаш, колку е вкупниот глобален профит на Интернет индустријата?

Според проценките на фирмите кои што го анализираа пазарот во 2011 година, вкупниот профит на оваа индустрија е 196 милијарди долари. Според еден извештај од 2012 година, годишниот профит на Американската Интернет индустрија изнесува 45 милијарди долари.

Друг извештај од 2010 година го пресметува профитот околу 20 милијарди долари. Ако го земеме во предвид фактот дека Американската економија завзема една четвртина од светската економија, тогаш пресметката излегува некаде од 80-180 милијарди долари годишно.

Бидејќи Американците најмногу го користат Интернетот во однос на луѓето од другите земји во светот, тоа значи дека пресметките на светско ниво ќе бидат помали, да речеме околу 100 милијарди долари во просек.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата