Русија: Опасно е ограничувањето на цената на нафтата

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија: Опасно е ограничувањето на цената на нафтата

Русија веќе реагира на планираното ограничување на цената на нафтата од Г7 и Австралија.

Руската амбасада во Вашингтон ја критикуваше одлуката на својот канал Телеграм, велејќи дека тоа ќе ги наруши принципите на слободниот пазар, информира ТАСС.

-“Русија ќе продолжи да наоѓа купувачи за нафта и покрај „опасниот обид на западните влади“ да наметнат плафон на цената на нафтата. И покрај мерките, побарувачка на нафта ќе има. Ваквите чекори неизбежно придонесуваат за зголемена неизвесност и наметнуваат повисоки трошоци за суровини за потрошувачите“, се вели во барањето на амбасадата.

Рускиот претседател Владимир Путин и други високи владини претставници често нагласуваат дека нема да продаваат нафта на земјите со ограничувања.

Фото: Илустрација

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата