НЕ СМЕ ЛУЃЕ ОД ВТОР РЕД: Незаслужено и понижувачко – бугарски реакции за блокадата за ШЕНГЕН

3.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕ СМЕ ЛУЃЕ ОД ВТОР РЕД: Незаслужено и понижувачко – бугарски реакции за блокадата за ШЕНГЕН

-Незаслужено и понижувачко. Бугарија ги исполни критериумите за наш прием во Шенген. Сепак, ние сме третирани како луѓе од втор ред. А не сме, напиша лидерката на БСП Корнелија Нинова по одбивањето на Холандија да ја отвори вратата на Бугарија кон шенген зоната.

-Мора да го кажеме тоа доволно цврсто без да го свиткаме грбот и да се бориме за милост. Шенгенот е една од ретките теми што не обединуваат. Ајде сите заедно и категорично да го заштитиме нашиот национален интерес, повика лидерката на бугарската Левица.

Холандија ЌЕ ЈА БЛОКИРА БУГАРИЈА ВО ШЕНГЕН ЗОНА, Хрватска и Романија може да влезат

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата