Србија-Швајцарија: Реми со четири гола по првите 45 минути (видео)

2.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србија-Швајцарија: Реми со четири гола по првите 45 минути (видео)

Супер меч играат Србија и Швајцарија на стадионот „974“ во Доха. Пресврти, четири гола и реми од 2:2 по првите 45 минути.

Поведоа Швајцарците со голот на Шаќири во 20 минута, но изедначи Митровиќ со супер гол во 26. минута. Во 35. минута по една грешка на Швајцарците до топката доаѓа Душан Влаховиќ кој го матира швајцарскиот голман за пресврт.

Сепак, пред крајот на полувремето Емболо се најде во добра шанса и изедначи на 2:2.

На Србија и треба победа за пласман во следната фаза, Швајцарија ќе биде задоволна и со реми под услов Камерун да не го победи Бразил со висока гол-разлика. Засега на тој меч е 0:0.

Serbia 0 – [1] Switzerland – Xherdan Shakiri 20′

Dec 03, 2022

Serbia [2] – 1 Switzerland – Dusan Vlahović 35′

Dec 03, 2022

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата