ДАЛИ Е ОВА МОЖНО? Беџетот Пацоли го купува Манчестер Јунајтед?

1.12.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДАЛИ Е ОВА МОЖНО? Беџетот Пацоли го купува Манчестер Јунајтед?

Манчестер Јунајтед е на продажба, а новиот купувач кој влезе во игра е шок за многумина.

Англискиот медиум „Фудбал Трансферс“ наведува дека поранешниот претседател на Косово, Беџет Пацоли пројавил интерес за купување на Манчестер Јунајтед од семејството Глејзер.

Пацоли неодамна присуствуваl на натпревар на Арсенал на стадионот Емирати кога играчите на Арсенал го победија Лестер во август.

Запрашан од новинарите дали е заинтересиран да го купи Манчестер Јунајтед, Пацоли одговори: “Во ред, ќе го разгледам тоа“.

Семејството Глејзер официјално ја започна продажбата на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед по речиси 18 години сопственост.

Глејзерси бараат цена поголема од пет милијарди фунти (5,8 милијарди евра) за продажба на клубот.

– Пацоли имал нето вредност од една милијарда евра, според Форбс, но има многу моќни и богати соработници и во Кремљ и во Вашингтон – пишува „Фудбал Трансферс“.

Пацоли беше втор претседател на Косово од 22 февруари 2011 година до 4 април 2014 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата