Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле, е примен во болница поради тешка болест.
Како што пренесува „ESPN“, славниот фудбалер е хоспитализиран по двегодишна борба со ракот на дебелото црево бидејќи “целото тело му отекува“.
„ESPN“ патем забележува дека терапите што ги прима не даваат подобри резултати и дека животот на Пеле е во голема опасност.
Да потсетиме, Пеле пред неколку месеци беше хоспитализиран во Сао Паоло, бидејќи се бореше со уринарна инфекција, но борбата со лекувањето на туморот продолжи цело време.
Легендата на светскиот фудбал моментално има 82 години и цел свет се надева дека ќе успее да се опорави од оваа тешка болест.