„САД СЕ ЗБУНЕТИ ОД ИЗБОРОТ НА АБАЗИ, потрошени се милиони долари во правосудниот систем“

18.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„САД СЕ ЗБУНЕТИ ОД ИЗБОРОТ НА АБАЗИ, потрошени се милиони долари во правосудниот систем“

Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем, вели амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Агелер, која остро го критикува изборот на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Таа вели дека граѓаните на Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција.

– Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните, одговори амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на прашањето на „360 степени“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата