Кој е МAКЕДОНСКИОТ МИЛИЈАРДЕР кој се разведува од НАЈДОБРАТА БАЛКАНСКА ТЕНИСЕРКА: Паднала на допинг тест, тој рекол…

24.10.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кој е МAКЕДОНСКИОТ МИЛИЈАРДЕР кој се разведува од НАЈДОБРАТА БАЛКАНСКА ТЕНИСЕРКА: Паднала на допинг тест, тој рекол…

Симона Халеп (31) отсекогаш била “девојка од соседството“ во тенисот. Тивко, незабележливо, ненаметливо, опасен противник на многу врвни играчи. ја знаевме речиси само по нејзините тениски подвизи, најмногу за љубителите на белиот спорт. А потоа – се омажила за маж по потекло од Македонија, но една година подоцна започнала развод и паднала на допинг тест.

Иако се изгледаше идилично минатата година за поранешната тенисерка број еден во светот, таа се омажила, почнала како феникс да се издигнува од пепелта и да ја оживува својата тениска кариера, а потоа се се променило за само неколку месеци. Последен клинец во ковчегот е допинг скандалот откако Меѓународната агенција за тениски интегритет објави дека романската тенисерка е суспендирана поради позитивен тест од овогодинешниот УС Опен кога и било утврдено дека го има лекот роксадустат, кој е забранет од страна на Анти-допинг агенција (ВАДА).

Но, розите не и цветале ни во приватниот живот, бидејќи таа и нејзиниот сопруг Тони Јуруч од Македонија, не успеале да ја прослават годишнината од бракот пред да почнат проблемите и шпекулациите за развод.

Па, сега многумина се прашуваа – кој е тој мистериозен Македонец, милијардер по финансиска состојба, кој успеал барем за кратко да го освои срцето на тенисерката од Романија, двократен Грен слем шампион и поранешен првак во светот?

Јуруч (43) е познат бизнисмен роден во Македонија, блиску до границата со Србија, а венчавката со 12 години помладата Симона била одложена за септември минатата година за Симона да учествува на УС Опен. на што инсистирал нејзиниот татко.

Интересно е и тоа што на Јуруч ова му е трет брак, прво бил во брак со манекенка, па со повозрасна девојка, но тие бракови не траеја долго.

Немал ни трет пат среќа, па милијардерот го потврдил пропаѓањето на бракот.
“Симона и јас донесовме одлука да се разведеме. Само тоа ќе кажам, престанете да инсистирате”, кратко потврдил Јуруч.

Халеп и Јуруч нема да го делат богатството, бидејќи таква одлука донеле пред да се венчаат.

Се шпекулира дека главната причина за разделбата е големата дистанца помеѓу Симоне и нејзиниот сопруг. Романката неодамна се пресели во Франција на инсистирање на селекторот Патрик Муратоглу, а односот со сопругот се заладил.

Да потсетиме, парот се венчал минатата година на брегот на Црното Море во градот Констанца, родното место на моментално 9-та тенисерка во светот, која моментално се соочува со суспензија поради допинг скандал. На луксузната свадба имало околу 300 гости.

Со Симоне автомобилот тргнал надолу и сите се надеваат дека што поскоро ќе застане и дека ќе се врати на тронот – барем на животниот, ако не и на тенискиот, а во овој спорт нема за што да жали бидејќи веќе постигнала се за што едно мало девојче сонувало.

Фото: Профи

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата