Иво Јосиповиќ со автомобил удрил во кафуле во центарот на Загреб (ФОТО)

3.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иво Јосиповиќ со автомобил удрил во кафуле во центарот на Загреб (ФОТО)

Поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ вечерва предизвика полесна сообраќајна несреќа во Загреб кога со својот автомобил удри во ограда на кафуле.

Иво Јосиповиќ во изјавата за Индекс рече дека не ја видел оградата на кафулето.

Тој рече и дека е оштетена оградата, но дека не е голема штета.

Во несреќата нема повредени.

Јосиповиќ беше претседател на Хрватска од 2010 до 2015 година. По професија е композитор и правник.

Фото: Илустрација, Индекс

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата