Престрелка во трговски центар во Копенхаген, неколку загинати и повредени

3.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Престрелка во трговски центар во Копенхаген, неколку загинати и повредени

Данската полиција соопшти дека во Копенхаген биле застрелани неколку луѓе и дека едно лице е уапсено, додека градоначалникот на данската престолнина ситуацијата ја оценил како „многу сериозна“.

Неколку лица се примени во главната болница, изјави портпаролот на здравствената установа, додавајќи дека повикале дополнителни хирурзи и медицински сестри да помогнат во лекувањето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата