Пензионери заминале на летување од соништата, УМРЕЛЕ во најстрашни маки: Откриена причината за смртта на тројцата туристи во ЛУКСУЗНОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ!

3.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пензионери заминале на летување од соништата, УМРЕЛЕ во најстрашни маки: Откриена причината за смртта на тројцата туристи во ЛУКСУЗНОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ!

Тројца американски туристи го загубија животот за една ноќ во ексклузивно одморалиште на Бахамите. Мајкл (68) и Роби Филипс (65), како и Винсент Кјарела (64) се пронајдени мртви во своите соби во одморалиштето Сандалс. Причината за смртта на тројцата американски туристи беше мистерија повеќе од еден месец, бидејќи од 6 мај, кога беа пронајдени нивните тела, не се знаеше што ја предизвикало смртта. Сега властите ја објавија причината за смртта на тројца туристи чиј одмор во луксузно одморалиште ги чинеше живот.

Тројца Американци починале од труење со јаглерод моноксид, а полицијата во моментов истражува како точно се отруле. Од хотелот накратко соопштија дека се работи за изолиран инцидент.

„Ние сме уништени од оваа незамислива трагедија. Властите преку истрага утврдија дека имало изолиран инцидент во едниот објект во која се сместени два апартмани. Инцидентот не е поврзан со системот за ладење или вентилација на целиот комплекс, ниту со храна и пијалаци“, соопштиле од хотелот.

Во соопштението се додава дека, поради страшната смрт на тројцата гости, во сите простории биле поставени детектори за јаглерод моноксид „иако тоа не го бара законот“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата