Застапниците за правата на абортусот маршираа низ центарот на Лос Анџелес

3.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Застапниците за правата на абортусот маршираа низ центарот на Лос Анџелес

Акцијата беше дел од вториот последователен викенд на демонстрации во Калифорнија, откако Врховниот суд на САД ја укина одлуката од 1973 година со која се легализираше абортусот во земјата.

Пред Федералниот суд, говорниците ја повикаа толпата да маршираат мирно за да го изразат своето незадоволство од укинувањето на 49-годишното федерално право на абортус.

Протестот беше организиран од филијалата во Јужна Калифорнија на „Станете за правата на абортусот“ (Rise Up 4 Abortion Rights), која организираше и други слични настани. Таа повика на демонстрации и на националниот празник на САД – Денот на независноста, 4 јули. паг/

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата