ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ и на втората жртва на АЈКУЛАТА УБИЕЦ кај Хургада: Телото на Романката (40) најдено неколку часа по првиот напад!

3.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ и на втората жртва на АЈКУЛАТА УБИЕЦ кај Хургада: Телото на Романката (40) најдено неколку часа по првиот напад!

Уште една жена е убиена во напад на ајкула во Црвеното Море јужно од Хургада, соопшти египетското Министерство за животна средина. Телото на 40-годишната романска државјанка е пронајдено неколку часа по смртта на 68-годишна Австријка на која ајкула и гиоткинала раката и ногата.

Двата напади се случиле на растојание од 600 метри, изјавија извори за Ројтерс.

Египетското Министерство за животна средина во соопштение наведе дека е формиран комитет кој ќе ги испита околностите на нападот и, веројатно, научните причини зад него.

Властите во меѓувреме затворија дел од брегот на Црвеното Море.

Првата жртва по нападот била пренесена во локална приватна болница, но и покрај напорите на медицинскиот персонал, таа им подлегнала на повредите. Станува збор за Австријка која во последните пет години живее во Египет со својот сопруг Египќанец.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата