Шојгу: Сега го контролираме целиот регион Луганск во источна Украина

3.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шојгу: Сега го контролираме целиот регион Луганск во источна Украина

 „Сергеј Шојгу го информираше врховниот командант на руските вооружени сили Владимир Путин за ослободувањето на Луганската Народна Република“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана, пренесуваат руските агенции.

Русија го признава регионот Луганск како Луганска Народна Република (ЛПР).

Шојгу го информирал Путин дека како резултат на успешните воени операции на вооружените сили на Русија, заедно со единиците на Народната милиција на ЛНР, била воспоставена целосна контрола врз градот Лисичанск и голем број блиски населби. Украинските борци со недели се обидуваат да го одбранат Лисичанск и да спречат да дојде под руска контрола, како што се случи со соседен Северодонецк пред една недела.

Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател, во онлајн интервју доцна синоќа изјави дека текот на борбите укажува дека судбината на градот ќе биде решена до понеделник.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата