Германија се подготвува за времето по војната во Украина

3.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германија се подготвува за времето по војната во Украина

 Германија разговара за безбедносните гаранции за Украина со своите сојузници, подготвувајќи се за времето по војната во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц за телевизијата АРД.

„Разговараме со блиски пријатели за прашањето за безбедносните гаранции што можеме да ги дадеме. Ова е тековен процес. Јасно е дека нема да биде исто како кога некој е член на НАТО“, рече Шолц, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека е сосема јасно оти тоа е прашање што внимателно се подготвува во дипломатската сфера „за денот што се надеваме дека наскоро ќе го видиме, кога ќе заврши војната“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата