КАКОВ ТАТКО ТАКОВ СИН: Боби Павловски пее, а Лука свири!

3.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАКОВ ТАТКО ТАКОВ СИН: Боби Павловски пее, а Лука свири!

Дека не за џабе се вели – круша под круша паѓа, докажува примерот на Боби Павловски и неговиот постар син Лука, кој како и својот татко веќе влезе во светот на музиката. И додека тато Боби прави дар-мар по локалите низ земјава и со својот глас и инструмент е задолжен за најдобрите живи свирки, малиот Лука почна да го пече занаетот по детски фестивалчиња и емисии. Додуша вчера заедно со тато го имаше и првиот настап, и тоа ич малку пред неколкуилјадна публика на концертот на Боби одржан во склоп на роденденската забава на Општина Кисела Вода.

Тато на сцената со клавијатури во рака и микрофон пред себе, а Лука со гитарата – сцена која топи срца, а забава за чиста петка.

Да се множат свирки мајстори, земајте и другото дете и бендот го имате.

И колку за потсетување, Павловски деновиве на јавноста и ја претстави својата нова нумера со наслов „Поносан“, која долку се оди според планираното, ќе биде дел од проектот наменет не само за домашниот, туку и пазарот во соседството.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата