Садио Мане изненади со изборот на бројот на дрес во Баерн!

27.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Садио Мане изненади со изборот на бројот на дрес во Баерн!

Садио Мане минатата недела потпиша за Баерн Минхен. Германскиот првак на Ливерпул му плати 32 милиони евра, плус уште девет милиони евра за можни бонуси.

Сенегалскиот офанзивец изненади со изборот на бројот на дресот што ќе го носи во Минхен. Се одлучи за 17, број кој го нема носено во својата кариера. Во Ливерпул ја имаше 10-та, во Салцбург 21, додека на почетокот на својата кариера го носеше дресот со број 33.

„Во првиот разговор покажа колку е несебичен. Воздржано рече: Не ми е гајле на која позиција ќе играм. Ова ретко се доживува во првиот разговор. Се стави на располагање на клубот и тренерот, имаше малку барања. Почесто играчите велат дека сакаат да играат вака или онака бидејќи во спротивно нема да дојдат“, изјави тренерот на Баерн, Нагелсман.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата