Васил Гарванлиев го покажа саканиот!

1.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Васил Гарванлиев го покажа саканиот!

Минатогодишниот евровизиски претставник Васил Гарванлиев во април се сврши со својот сакан, чиј идентитет до денес не и беше познат на јавноста. Васил денеска објави цел албум на Инстаграм, а во описот под фотографиите на своите следбеници им порача да бидат искрени кон себе и да ги следат соништата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)

Васил инаку живее во Америка, каде и се сврши, а среќната вест тој ја објави во април преку фотка на која имаше само кутија со свршенички прстен.

„Небото е полно со ѕвезди, но јас гледам само една“, напиша тогаш пејачот, кусо велејќи дека не сака многу да зборува на оваа тема, затоа што не бил спремен да изнесе детали за целата ситуација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата