Кога на провинцијалка и фали секс во Скопје

26.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кога на провинцијалка и фали секс во Скопје

– Срамежливоста и скромноста во Скопје не се покажа баш како добар избор. Кога ќе сте повлечени не ве забележува масата и не добивате внимание. Прашањето што само се наметнува, а подоцна почна да ме оптоварува е биологијата, потребата од близина и секс во Скопје, да имам дечко или љубов со кој ќе делам се? – вели Биљана Н. од Битола.

Атрактивниата Биљана (26) дошла во Скопје, како и поголемиот дел од внатрешноста на Македонија кога имала 18 години за да започне студии, и го одбрала правниот факултет на УКИМ. Сепак, според нејзината приказна, Скопје тогаш беше, како што и сега е, изборот на многу млади луѓе од провинцијата кои сакаат во Скопје да учат, но исто така и да живеат и уживаат како сите други од нивната генерација.

Без задршка, заради себе, заради другите девојки од провинција кои доаѓаат во Скопје но, и заради арогантните скопјани кои се самобендисани без покритие, таа ја раскажува својата приказна.

“Моето име е Биљана, сега имам 26 години, а пред околу 8 години дојдов во Скопје на студии, на правен. Бев класична провинцијалка која две години сонуваше и се подготвуваше да замине од дома во поголем град и убедена дека ќе го најдам брзо своето место во Скопје. Бев фокусирана на студиите, за да ги завршам на време, такви планови имав и јас, а и моите родители кои ме поддржуваа. Студиите одеа како што треба, полагав редовно и се беше во ред но, по година дена почнав да се чувствувам осамена, без близина, без секс и љубов околу себе. Ми фалеше тоа.

А скромноста и повлеченоста во Скопје не водат кон нишпто добро, вели Биљана. во Белград не оди добро. На почетокот не гио забележував тоа, не ми беше ни важно, но со време работат хормоните на млад човек кој сака да има близина со некој друг и јас, како здрава и нормална девојка, исто така сакав да имам дечко со кој ќе поделам се, со кој ќе легнувам и ќе се будам. Но, за жал. мојата посветеност на студиите не привлекуваше ничие внимание, некои други девојки постојано беа на местото на кое јас сакав да бидам.

Не сум од оние девојки по кои се врти пола Скопје кога ќе поминуваат, од тие што дома вежбаат мешање со куковите додека чекорат по улица, вртење на очите во занес, фирмирани парфеми, постојано упадливи усни намачкани со јаки кармини или сјај но, и во Битола и тука бев впечатлива и со карактер па секој од моите бивши ме памти по добро и бевме во добри односи потоа. Накусо, ако не си од “вежбаните“ скопски риби, тешко ќе те забележи добар фраер.

Излегувањето со бурен ноќен живот не доаѓаше во предвид, пред се поради обврските на факултет, а и шемите од тој бурен ноќен живот со мењање сексуални партнери на недела дена на кои после едвај и името им го памтиш не ме привлекуваа, мене ми требаше машко со карактер и со потреба за секс секој ден, ама со мене, а не со пола мои колешки и другарки со кои ќе го запознаам.

Лека, полека, сфатив дека во Скопје има многу машки ама малку мажи. Тоа што е од 20 до 30 години, што беше интересно за мене, или е татин син со добра кола и без обавези кон никого, па ни кој стална девојка, или дигнало раце од секс и се фрлило на алапачарење, дување треви, и видео игрици со другари по цел ден, а девојка и секс доживува како нужно зло. Ги има и третите, нормалните, ама не ги гледам често.

Пробав со контакти по социјлани мрежи. Инстаграм е за бадијалџии, оговарање и мераклии на туѓи слики, Фејсбук е за муабети, рецепти, родендени и свадби па не се најдов ни таму. Твитер ми тргна едно време, а кога покажав намери за врски и секс ме затрупаа со слики во ДМ од полни органи и услов за орален секс на првиот состанок… Една будала инсистираше на тоа, плус да сум дошла во Радовиш да пушам во кола. Си викам, кај згрешив, кај си ебав мајката.

Работите, сепак, почнаа да се менуваат со текот на времето. Девојчето од Битола полека стана девојка, жена, свесна за себе. Секс имаше ваму-таму, најчесто кога одев за викенди или на одмор дома во Битола, па дури и со некој од бившите. Ми се врати самодовербата.

Станав забележана, потенцијална цел на предатори. Некаде пред крај на втора година на факултет, со веќе дваесет години зад себе, знаев дека ќе успеам на факултет и почнав да се опуштам. Да излегувам касно, некогаш и до длабоко во ноќта со мои колеги кои имаа свои пријатели, скопјани. По журки, ноќни клубови, секаде каде што имаше прилика.

Видов дека постојат мажи кои се целосно отворени за секс, сега и веднаш ако сакате, набрзина во кола, во тоалетот, во заглавен лифт, кај ќе се види прилика само да биде. Секс во кревет има, ама они сакаат сега, додека се напалени, а после може кај сакаме да одиме. Првично, тоа беше чудно за мене, барем јас во Битола имав поубави искуства и моменти со сексот од овие скопски ловци што фаќаат на изненадување и под сексуален стрес од кој сакаат што побрзо да се ослободат. Брзоебниве скопјани на нас, провинцијалките, гледаат како на стрвни кои, според нив, дошле во Скопје затоа што им е сезона на парење.

И кој ти е изборот ако имаш дваесетина години, доаѓаш од провинција, и сакаш дечко скопјанец? Да те гужваат по коли, свиткана или клекната во на некое седиште и после десет минути секс да запали цигара и ти објаснува како е он правиот за тебе, како само што не се заљубил и не сретнал ваква убавина порано. Абе ај, си викам, пали дечко колата и да си одиме, и најди си некоја што ќе те трпи ваков самобендисан, ја не сум таа.

Таа, последна година студии, се развлече на две години од тие мафтосувања по журки и ноќни шеми. Ако се грозев порано од тие момци што ги гледав од страна, во тоа време станав дел од нив и нивните шеми. После секоја трета пијачка знаев дека некој ќе ме соблеќе и ќе завршиме сос екс, не дека бев оптеретена со тоа, таква беше шемата, правилата на друштвата во кои одев. Ако не се оди по правилата, испаѓаш од кругот, глупа си, мрачен лик, асексуална, грда и никој не ти бара, што све нема да ти залепат како етикета.

И кога одам во банка, или сред ден на ручек во кафана, да шетам или поминам по некој од моловите, ги гледам момциве скопски како глумат умерени и полни со самодовреба, мислиш воспитани и мажи на место и точно по суратот можам да го претпоставам во каков лик се претвара кога ќе ти стави рака на гради и ќе почне тешко да диши. Скот, со еден збор, ни сенка од маж кој е посветен на жена и нејзино задоволство нема да му видиш. Само за себе.

Си мислам, до нив е или до мене е грешката. Дали е до годините, млади се и неизживеани, оптеретени и погрешно воспитани дека жена служи да се истресеш и да ти даде задоволство, а се друго ако баш мора да се направи. И не се така површни само кон жените, и кон се друго се исти. Какви се тие фраери кога знаат се за Барса и Јувентус, за разлика на сите пет генерации Ауди до дваесет години наназад, а на испит не знаат најпроста работа со која се среќаваат секој ден, цел живот. Се спремаат по петнаесет години учење за на работа, а кога ќе дојде време да работат ништо не им е по мерка. Исти се и кон жените.

Го поминав тоа, што би рекле учените – адаптација на провинцијалка во главен град, завршив факултет. Сега работам во фирма за осигурување, имам колеги кои се и скопјани, а и други кои како мене дошле од внатрешноста. Имам долга врска, еве втора гходина, со еден колега кој е постар од мене скоро десет години и живееме нормално, со нормален секс, без големи планови ама со почитување еден кон друг. Некако, работите почнаа да си доаѓаат секоја на свое место.

Зошто решив да ви зборам за ова, затоа што не сум само јас, и не сум сама во таквите ситуации кога девојка од провинција ќе дојде во Скопје и сака да има свој човек поред себе, со кој ќе гради односи. Многу од моите другарки не издржаа, се вратија која во Ботола а која во Штип, Охрид… или по другите градови, понижени и употребувани низ Скопје како за забава и прифатија да бидат играчки на скопјаните. Јас бев блиску до тоа, но ја видов мерката до каде смее да се оди, а од каде мора да се врати на нормалниот живот.

Останува да ги сожалувам скопјанките, тие немаат каде да се вратат. Остануваат засекогаш меѓу размазените и самобендисани скопкси момци кои никогаш не разбраа дека се станува маж само ако поред себе имаш вистинска и стасана жена, се друго е само празна скопска шема“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата