Максим: Како да сум најголем криминалец ме спроведуваат на наводен технички преглед, а возилото ново (ВИДЕО)

19.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Максим: Како да сум најголем криминалец ме спроведуваат на наводен технички преглед, а возилото ново (ВИДЕО)

Како да сум најголем криминалец во државата, а не градоначалник на најголемата општина со ротации ми ги одземаа документите и не спроведуваат на наводно вршење на технички преглед на возилото, иако возилото е ново со уредно полномошно за управување, согласно со сите законски нормативи и прописи, вели актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски кој преку вклучување во живо на својата официјална Фејсбук страна извести дека полицијата го спречува во тековното работење како кандидат во рамки на изборната кампања.

Тој додава дека на овој начин го онеспособуваат да работи како градоначалник и како кандидат во рамки на изборната кампања.

– Односот на полициските службеници е целосно непрофесионален, со ротациони светла и полициска придружба не насочуваат каде ќе не носат, а каде ќе не носат и самиот не знам. Еве јавно го повикувам господинот Спасовски да даде образложение за ова се случува во Куманово и кои се мотивите континуирано да бидам следен од страна на полициски службеници, дали има налог од Основно јавно обвинителство за такво постапување и зошто е ваквиот третман кон мене и кон луѓето кои работат во рамки на своите професионални ангажмани и се ангажирани со својот дел на работење во моето опкружување, рече Димириевски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата