СДСМ Брвеница после изборниот дебакл очигледно има проблеми во своите редови! Имено, откако нивниот кандидат не успеа да ги оствари очекувањата, се бара оставка од локалното партиско раководство.

Долгогодишен член на партијата и дел од раководството на СДСМ Брвеница, бара итно разрешување.

Инаку, според резултатите на Државната изборна комисија, кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски, води со 1.000 гласови пред кандидатот на СДСМ, Мирко Стојановски.