Актерот Мајкл Кејн се ПОВЛЕКУВА, но не се пензионира!

18.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Актерот Мајкл Кејн се ПОВЛЕКУВА, но не се пензионира!

На 88-годишна возраст актерот Мајкл Кејн одлучи да се повлече од глумење, но неговата изјава не беше соодветно разбрана. Актерот спонтано се повлекува од актерството, но дефинитивно не се пензионира.

Легендарниот актер се огласи на неколку медиумски фронтови откако јавноста помисли дека тој целосно се повлекува од глумата, и се осигура дека ќе нè извести дека ова е само пауза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @anasobrecine

„Што се однесува до пензионирање, поминав повеќе од 50 години станувајќи во 6 часот наутро за да правам филмови, и нема да се ослободам од мојот аларм часовник!“, изјави Кејн.

„Не сум се пензионирал и многу луѓе не го знаат тоа“, напиша Кејн на својот твитер-профил.

Гласините се раширија откако во петокот Кејн зборуваше за статусот и плановите за неговата кариера во интервју за радио програматан на „BBC“, „Kermode and Mayo’s Film Review“, објаснувајќи дека веќе две години нема работено на филм по последната улога во „Тhe Bestsellers“.

„Немам работено две години, и имам проблеми ‘рбетот што влијае на мојата нога, и не можам да одам многу добро. И јас исто и напишав книга , неколку книги, што беа објавени и успешни. Па сега не сум актер; писател сум. Што е прекрасно затоа што како актер, треба да станете во 6 часот и половина наутро и да одите во студио. Како писател, можете да започнете да пишувате без да го напуштите креветот!“

Надополни и дека очигледно не глумел затоа што немало понуди, затоа што никој не прави филмови какви што тој би сакал да ги глуми. Ќе додаде и дека ако се пензионирал на 65-годишна возраст немало да добие Оскар и не би направил филм со Џек Николсон, и никогаш не би го изработил Бетмен со Кристофер Нолан.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата