Песков: Поделена Европа не е во интерес на Москва

18.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Песков: Поделена Европа не е во интерес на Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во изјава за француска телевизија рече дека поделената Европа не е во интерес на Москва.

„Поделената Европа не е во интерес на Москва. Ние сме заинтересирани за постоење на просперитетни европски земји, независни една од друга. Европа сега го бара својот пат, поставувајќи нови прашања во врска со воведувањето на сопствениот одбранбен систем, како и неопходноста да се има суверена доктрина за одбрана. На Европејците им е потребна сопствена армија“, рече Песков.

Тој посочи дека во моментов не е јасно дали Американците ќе останат во Европа и ќе продолжат да ги бранат Европејците од „страшните Руси“.

„Сакаме да нe слушнат: не се закануваме никому, не сме извор на опасност, ние сме многу голема и многу моќна земја која бара партнери“, рече портпаролот на Кремљ.

Коментирајќи ја изјавата за распоредување на руски војници долж границата со Украина, која беше перцепирана како закана за Западот, Песков нагласи дека „Русија може да ги разбере грижите на западните земји“.

„Сепак, ние би претпочитале вие ​​Европејците да бидете подобро информирани. Масивните маневри на НАТО во близина на границите на Русија му претходеа на распоредувањето на руските вооружени сили во тој регион“, потсети Пасков и посочи дека бесконечно се зборува за концентрација на руските војници, но сепак сите замижуваат пред разместувањето на НАТО силите во близина на границите на Русија“.

Одговарајќи на прашањето за членството на Киев во НАТО, Песков предупреди дека членството на Украина во НАТО ќе биде најлош можен развој.

„Ваквото сценарио ги преминува црвените линии на националните интереси на Русија. Ова е сценарио што може да ја принуди Москва да преземе активни мерки за да ја обезбеди својата безбедност“, рече Песков.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата