Лоши изборни резултати како за Заев така и за Курти во Косово

18.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лоши изборни резултати како за Заев така и за Курти во Косово

Според досега познатите резултати од изборите за градоначалници и советници на 38 општини во Косово, во првиот круг на гласање Демократската партија на Косово (ДПК) победи во пет општини, Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) во две, Алијансата за иднината на Косово (АБК) во една општина, а Самоопределување во ниедна.

Во вториот круг гласање од 27 општини со албанско мнозинство одат 19 општини, бидејќи десет од тие единици на локалната самоуправа се со српско мнозинство, а една со мнозинско турско население.

Во повеќето општини во вториот круг од изборите одат Самоопределување, ДПК и ДСК.

Тамошната централна изборна комисија (ЦИК) сѐ уште ги нема објавено прелиминарните резултати од локалните избори на Косово.

Според ЦИК, на изборите учествувале 32 политички партии, 33 граѓански иницијативи, една предизборна коалиција и 23 независни кандидати, а се избираат градоначалници и 1.002 советници за 38 општини.

За градоначалници на 38 општини се пријавија 166 кандидати, за советници во Косово се пријавија 5.198 лица, а се гласа на 883 избирачки места со вкупно 2.477 избирачки места.

Од вкупниот број кандидати за советници, 3.261 се мажи, а 1.937 се жени.

Изборите ги следеа повеќе од 25.000 набљудувачи од политички партии, иницијативи, коалиции и претставници на независни кандидати, граѓанското општество, медиуми, дипломатски мисии акредитирани на Косово, како и посебна набљудувачка екипа на Европската Унија.

Српска листа рече дека нејзините кандидати победиле на локалните избори во сите десет општини со мнозинство Срби. Се очекуваат и резултатите од другите општини.

Излезноста беше 42,8 проценти, а највисока е во општините на северот, повеќе од 60 проценти, пренесува РТС.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата