Мицкоски: Доста е од потпросечни политичари

6.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Доста е од потпросечни политичари
Од вашата одлука зависи дали ќе им подарите нови 4 години на оние кои ги изневерија сите ваши очекувања, кои не исполниjа буквално ништо од тоа во што се колнеа, и истите оние кои мандатите ги завршуваат во буквална одлепеност од реалноста и велат дека се најдобри кога вие најдобро знаете дека се најлошите досега, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Илинден.
 
Мицкоски додаде дека овие избори се шанса да се каже доста е за екпериментите во здравството, образованието, економијата, но и доста е од тоа да мислат дека народот се кукли и статисти со кои тие управуваат.
 
Овие избори се моментот кога е време да им кажете доста е! Доста се експериментите во здравството, образованието, локалната самоуправа, економијата. Доста се разочарувања и упропастени шанси.  Доста е од чекање во чекалницата пред ЕУ! Доста е од нивните празни фрази и флоскули. Од нивната ароганција и лажни насмевки. Доста е од глупостите кои ги кажуваат на дневно ниво, а мислат дека им веруваме. Доста е од тоа да мислат дека сме кукли и статисти со кои тие управуваат. Доста е од потпросечни политичари, од примитивно ниво на комуникација, од сексистички напади, од не почит кон се што мисли различно. Доста е од Зоран Заев во политиката и се што овој човек донесе на политичката сцена. Доста е од политика која ја сведува во броење на кеш и квадрати, рече Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата