Драма во Тирана: Минувачи едвај извлекуваат од автомобил жртви на мафијашка пресметка (ВИДЕО)

11.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма во Тирана: Минувачи едвај извлекуваат од автомобил жртви на мафијашка пресметка (ВИДЕО)

Едно лице е убиено, а едно е рането во жестока пукотница.

Според „Бота Сот“, напаѓачите пукале од возило кон луѓе во друг автомобил.

Според полицијата, околу 14:20 часот, се случила пукотница на кружен тек во близина на аеродромот во Тирана. Се сомнева дека е пукано кон возилото во кое се превезувале М.Ш. (околу 40 години) и Г.Д. (околу 47 години).

Во „Мерцедесот“ во кој се возеле, непознати лица пукале од „Тојота Јарис“, кој бил пронајден изгорен во Фуш Круја неколку минути по инцидентот.

Г.Д. го загубил животот, додека М.Ш. бил ранет и се наоѓа во болница, под медицински надзор, во тешка состојба.

Полицијата го опколила подрачјето, поставила контролни пунктови и продолжува со потрагата по сторителот или сторителите.

„Бота Сот“ објавува дека жртвата е Гилмано Дани, „десната рака“ на Емилијан Сулази. Сулази е добро позната фигура во албанското подземје - поранешен студент по медицина кој стана еден од најозлогласените криминални босови во Албанија. Неговото име со години се поврзува со изнуда, трговија со дрога, заплашување и насилство, особено во Тирана и Драч.

Телевизијата Топ Ченел објави снимки на кои се гледаат граѓани и полицајци како се обидуваат да го скршат прозорецот од страната на возачот за да ја отворат вратата одвнатре и да ги извлечат жртвите на мафијашката пресметка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата