Полицијата го застрела напаѓачот во Сиднеј, кој уби најмалку четири лица (ВИДЕО)

13.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицијата го застрела напаѓачот во Сиднеј, кој уби најмалку четири лица (ВИДЕО)

Џејсон, еден од купувачите евакуирани од центарот, изјавил за австралиски 9 вести дека го видел наводниот напаѓач со „голем нож“.

Тој тврди дека подоцна бил сведок на моментот кога полицијата пукала во наводниот напаѓач. „Тие го застрелаа, а потоа му правеа масажа на срцето“, истакна Џејсон.

Според последните информации, во инцидентот загинале најмалку четири лица. Службата за брза помош на Нов Јужен Велс потврди за новинската агенција АФП дека полицијата убила еден човек, за кого се верува дека е напаѓачот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата