Директорката на
Националната разузнавачка служба на САД, Аврил Хејнс денеска оцени дека војната
во Украина нема наскоро да заврши, а развојот на ситуацијата на домашен и
меѓународен план е во корист на рускиот претседател Владимир Путин.
Хејнс пред
Комитетот за вооружени служби на Сенатот изјави дека Русија ги интензивирала
нападите врз инфраструктурата на Украина за да ја намали способноста на Киев да
распореди војници и оружје, да го забави военото производство и да ја принуди
Украина да ги разгледа сè поагресивните тактики на Путин против Украина, како
што се нападите врз енергетската инфраструктура на Украина, пренесе Ројтерс.
„Сè поагресивните
тактики на Путин против Украина, како што се ударите врз енергетската
инфраструктура на Украина, имаат за цел да создадат впечаток во Украина дека
продолжувањето на борбата само ќе ја зголеми штетата за Украина и нема да
понуди пат до победата“, рече Хејнс.
Говорејќи пред
Комитетот за проценка на заканите на САД во 2024 година, таа рече дека „тие
агресивни тактики веројатно ќе продолжат“ и „војната нема да заврши наскоро“.
Хејнс изјави дека
Русија напредува на бојното поле и дека нејзините сили наскоро би можеле да
направат тактички пробив во Доњецк и Харков.