Проблем за ПСЖ и за Франција – Ернандез паузира шест месеци

2.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Проблем за ПСЖ и за Франција – Ернандез паузира шест месеци

Дефанзивецот на ПСЖ, Лукас Ернандез се повреди на  полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (0:1) и предвреме го напушти теренот.

Според новинарот Фабрицио Романо, Французинот ги скинал вкрстените лигаменти на коленото и бил надвор од теренот 6-7 месеци. Тоа значи и крај на сезоната за Французинот. Тој исто така нема да учествува на Евро-2024.

Оваа сезона Ернандез одигра 41 натпревар, на кои постигна два гола и имаше две асистенции.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата