Озил: Барса нема шанси против Реал на „Ел Класико“

19.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Озил: Барса нема шанси против Реал на „Ел Класико“

Некогашниот фудбалер на Реал (М), Месут Озил ги сподели своите очекувања за големото „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона кое ќе се одигра во недела од 21 часот. По победата против Манчестер Сити, „кралскиот клуб“ ќе го дочека својот најголем ривал на “Сантиаго Бернабеу” во потрага по трета сезонска победа против Каталонците.

“Реал е апсолутен фаворит во ова Ел Класико. Барселона има добра игра и тимот дефинитивно има одлични поединци на сите позиции. Но, сепак тие претрпеа премногу повреди оваа сезона и мислам дека нема да успеат да ја загрозат позицијата на Реал. Мое мислење е дека тие треба повеќе да се фокусираат на својата игра и своите грешки отколку постојано да се жалат на судиите. Тоа не помага. Реал има фантастична сезона. Иако по заминувањето на Карим Бензема мислев дека Реал ќе има послаба сезона сепак засега работите се одвиваат многу добрo”, рече бившиот фудбалер на мадридскиот клуб Месут Озил.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата