Ексминистерот за внатрешни работи и носител во ИЕ 2 на СДСМ,
Оливер Спасовски прашан во подкастот „Претрес со Ландов“, како ја доведоа
партијата да биде трета по гласови во Куманово, одговори: „Ако анализираме по
состојбите какви се по првиот изборен круг, мислам дека трендот е тој, кој што
е во цела Македонија“.<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"></span>
„Секако треба да се направат и детални анализи до еден таков
тренд. Имам претпоставка, дека стојат генерални причини кои прават перцепција,
една од причините можеби се уставните измени, францускиот предлог – како
генерална причина. Состојбата со коалицијата со ДУИ изминатиот период исто така
можеби е една од причините. Секако дека постојат и низа други причини за еден
ваков изборен резултат“, рече Спасовски.<span lang="MK" style="mso-ansi-language:
MK"></span>
Спасовски рече дека треба да се види што ги нервира луѓето<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">.</span>