Шестгодишното дете Гаган Сатиш од Индија има тело од гума. Го прави она што ретко кој може - како да е од гума, се спушта речиси до земја и така се вози на ролери. Овој мал „лимбо-ролер“ успеа да влезе во Гинисовата книга на рекорди минувајќи под 39 паркирани автомобили за околу 30 секунди! Без ниту една гребнатинка.
„Сите ме сакаат. Кога видоа што правам, и моите пријатели почнаа вака да возат ролери“, вели ова мало момче кое од својата тригодишна возраст е на ролери. Вели и дека следна цел му е да помине под 100 автомобили! Неговиот татко е пресреќен што има таков син и верува дека „Господ го благословил“ што може да направи такво нешто. Мајката додава дека кога виделе колку е флексибилно неговото тело, решиле да ангажираат личен тренер кој го научил на лимбо-ролање.